Скопје
Кисела Вода – прва општина што обезбедува бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани

Општина Кисела Вода е првата општина која обезбеди бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани за децата кои имаат ваква потреба, како и и психоедукација и стручна поддршка за нивните семејства.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша Меморандум за соработка со Центар за психофизичко здравје „Гаспар“. Согласно договореното, во новоотворените простории на оваа институција во Припор, кои ги обезбедува Општина Кисела Вода, тим од специјалисти ќе нуди бесплатни услуги за деца од предучилишна и училишна возраст за кои, во соработка со градинките и училиштата, е проценето дека имаат ваква потреба. Предност ќе имаат децата од социјално загрозените семејства.
Градоначалникот Ѓорѓиевски, заедно со управителот на „Гаспар“ – Центар за психофизичко здравје, Фики Гаспар и со проф.д-р Владимир Илиевски, професор на Универзитет Св. Кирил и Методиј, денес дискутираа за начинот на кој ќе се имплементира оваа услуга и за досегашните позитивни искуства. Дополнително, договорената соработка опфаќа и обуки за кадрите во училиштата и градинките.
-Денес ставивме потпис на еден значаен документ преку кој Кисела Вода станува првата општина во која деца што имаат потреба, ќе добиваат бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани, а професионална поддршка ќе има и за нивните семејства. Како општина која во континуитет активно презема мерки и активности во интерес на своите граѓани особено во делот на социјалната заштита, на Центар за психофизичко здравје “Гаспар” му обезбедивме простор во Припор, додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тимот од логопеди, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, за што посебно сакам да му се заблагодарам на Фики Гаспар од“Гаспар” – Центар за психофизичко здравје. Како што денес дискутиравме и со него и со нашиот гостин, проф.д-р Владимир Илиевски, работата со стручни лица кога е евидентиран некаков проблем или пречка кај младите лица, дава огромни резултати, па придобивките од овој проект е бидат значајни и индивидуално и за целата наша заедница. Посебно е важно што договоривме и обуки за кадрите во училиштата и градинките, со цел да се осигураме дека сите деца добиваат соодветна и квалитетна поддршка. Ова е само почеток на нашата соработка и се надевам дека и со овој и со проектите кои следуваат, ќе обезбедиме помош за оние на кои им е најпотребна и ќе го подобриме животот на сите граѓани на општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.