Скопје
„Комунална хигиена“ – Скопје спроведува активности за чистење на Старата скопска чаршија
Во текот на минатата ноќ екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад, извести „Комунална хигиена“ – Скопје.
![]()
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, која претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

