Скопје
ЛДП: Проблемите не се само во ЗОО Скопје, оставка од Арсовска поради нејзиното катастрофално менаџирање на градските институции

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост за случувањата во скопската Зоолошка градина и бара одговорност во врска со последниот скандал на смртта на слоницата Даела.
„Бидејќи не станува збор за прв случај, да потсетиме дека само пред некој месец пцовисаа жирафите, тигрицата, пингвин, тука е и кланицата на расните коњи, а прашање на време е кое животно ќе биде следно со оглед на третманот и условите што ги добиваат животните од страна на директорот и менаџментот на Зоолошката градина под директно управување од градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје“, велат од ЛДП.
Оттука, ЛДП бара итно расчистување на случајот и транспарентност од страна на надлежните органи во врска со овие инциденти сѐ со цел да се гарантираат безбедноста и благосостојбата на животните во Зоолошката градина, но и на посетителите што го користат ова место за рекреација.
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поради, како што велат, нејзиното катастрофално менаџирање на градските институции и неспособност да се справи со проблемите на градот.
Според ЛДП, проблемите не се само во ЗОО Скопје.
„Скопјани сведочат на секојдневни проблеми со хигиената, парковите и нивното одржување, ЈСП се претвори во претпријатие без автобуси со зголемени долгови од месец на месец. Лошото управување на јавните претпријатија под нејзина надлежност се главни причини за ова барање“, додаваат од ЛДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.