Скопје
Ноќеска фрлени 155 тони сол, апел и до граѓаните да го чистат снегот пред своите домови

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 7 часот сабајле фрлија 155 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.
Екипите на зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.
Градоначалникот Коце Трајановски цела ноќ со екипите на Зимската служба беше на терен и ги следеше нивните активности.
Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
„Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari