Скопје
Одржана повторна јавна презентација за нацрт ДУП И 03 – локалитет „Мирче Мацан“
Денеска во просториите на салата на Советот на Општина Центар се одржа повторна јавна презентација на нацрт-деталниот урбанистички план Градска четврт И 03-локалитет „Мирче Мацан“.
Пред градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, Секторот за урбанизам на општината, како и претставници од Град Скопје, Министерство за образование и наука, ЈП „Водовод и канализација“ и топлификациската мрежа „БЕГ“, жителите на овој дел од Скопје дискутираа и разменуваа мислења по новиот предлог ДУП.
Од општината велат дека повторното ставање на јавна анкета на ДУП-от „Мирче Мацан“, за разлика од минатиот, е во целосна согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), како и со законската регулатива и со постоечките правилници за градба.
„Должни сме како општина да го почитуваме Генералниот урбанистички план (ГУП). Во новиот ДУП ’Мирче Мацан’ ќе има повеќе зелени површини и ќе биде оставен повеќе простор граѓаните со цел да не се повтори проблемот со Дебар Маало и Буњаковец. Ќе одговориме на сите барања од заинтересираните, доколку истите се реални и остварливи. Сè она што нема да биде во согласност со ГУП-от, се нотира и ќе биде доставено како забелешка тогаш кога ќе почне да се работи ГУП-от“, изјави градоначалникот.
Присутните се заложија за решавање на проблемот паркирањето во овој дел од Центар, поголеми висини на објектите, потребата од нова урбана опрема, простори за играње на деца и поголема застапеност на зелени површини, соопшти Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
(Видео) Левицата: Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост.
Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост, но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, велат од партијата Левица.
„Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма.Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа.На лицата со попреченост им е доста од изговори.Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и сл.така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно” – истакна во своето излагање Катерина Јовановска- координаторот на советничката група на Левица.
„Иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по аргументираното излагање на Јовановска Советот едногласно изгласа Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг.
Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување“, се додава во соопштението на партијата Левица.

