Скопје
Општината Карпош: Укинати рестрикциите на уличното осветление
Како една од поважните точки на дневниот ред на 31. седница на Советот на Општина Карпош беше предлог-одлуката за прекин на рестрикциите на улично осветление на територијата на општина Карпош, а која беше едногласно усвоена. Во наредната година ,пак, како и секоја измината, полуматурантите – првенци на генерација, ќе добијат парична награда за постигнатиот успех. Ова на вчерашната 31. седница на Советот на Општина Карпош беше изгласано и одобрено од присутните советници, известува Општината.
„Исто така, некои од советниците дадоа зелено светло и за предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Карпош за извештајниот период од 1.1.2023 до 30.6.2023 година. На дневниот ред се најде и предлог-решението за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година, како и предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2023 година, кои беа изгласани од некои од советниците, но меѓу кои имаше и воздржани. Советниците на вчерашната седница ја разгледаа и предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјална и здравствена заштита за 2023 година, како и предлог-одлуката за одобрување средства за плаќање надоместок за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица ангажирани како воспитувачи и негуватели со лиценца во предучилишните установи на територијата на Општина Карпош, кои беа изгласани“, соопшти Општина Карпош.

„Присутните советници едногласно го усвоија предлог-заклучокот за усвојување иницијатива со која Советот на Општина Карпош ќе достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување измени во потребните закони и протоколи за набавка на неопходните најнови медицински помагала за сите лица со дијагноза дијабетес тип 1. Двете точки, кои беа на дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Карпош, предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање административен службеник и предлог-одлука за давање согласност за привремено отстапување на користење движни ствари – мотоцикл без странична приколка и мопед, сопственост на Општина Карпош, на Полициската станица од општа надлежност Карпош, не беа усвоени од страна на советниците.
Имено, предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите за давање на користење училиштен простор и спроведување други активности во врска со основните општински училишта, помина на седницата, но не со целосно мнозинство. На седницата беа поднесени предлог-решенија за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на четирите детски јавни установи, и тоа градинката „Мајски цвет“, „Орце Николов“, „Пролет“ и „Распеана младост“, кои беа едногласно усвоени.
Беше изгласана и точката на дневен ред, предлог-решение за давање согласност на годишниот план за изменување и дополнување на годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, а во понатамошниот дневен ред одобрување добија и предлог-решенијата за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на деветте основни општински училишта, и тоа, „Аврам Писевски“ , „Братство“ , „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Амос Коменски“, „Лазо Трповски“, „Петар Поп Арсов“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Изгласани беа и предлог-решенијата за изменување и дополнување на решението за разрешување и именување член во управниот одбор на јавните општински детски установи, градинките „Распеана младост“, „Орце Николов“ и „Пролет“. Советниците рекоа „да“ за точката, предлог-решение за давање согласност на правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во ЈУОДГ „Орце Николов“, предлог-решение за давање согласност на правилникот за внатрешна организација на ЈУОДГ „Орце Николов“, како и за предлог-решението за изменување и дополнување на решението за разрешување и именување член во училишниот одбор на ООУ „Петар Поп Арсов“. Едногласно беше донесена точката на дневен ред, предлог-одлука за прифаќање донација од ОКИТЕКС ДОО извоз-увоз Скопје. Советниците дадоа зелено светло и за предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за замена на азбестни покривни покривачи на индивидуален станбен објект во општина Карпош. Оттука, едногласно „да“ советниците дадоа и за предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојни лифтови и поставување нови на станбени згради за колективно домување во општина Карпош. Додадената точка, предлог-одлука за промена на броила на електрична енергија во ООУ „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири-Трена“, беше усвоена.

На вчерашната 31. седница на Советот на Општина Карпош беа поднесени неколку иницијативни, кои допрва советниците треба целосно да ги разгледаат на следната седница, а тоа беа точките иницијатива за поставување потпорен ѕид во село Бардовци, заклучок-иницијатива за претрес на состојбата на градежна парцела која нема валиден ДУП и иницијатива за додавање точка на дневен ред за почнување иницијатива за урбанистичка планска документација за село Бардовци. На крајот од седницата беа поставувани советнички прашања како задолжителна точка на дневен ред на секоја седница на Советот на Општина Карпош, се додава во соопштението на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

