Скопје
Подигнати 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини
Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Активностите се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова – во скопската општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада, во општината Чаир.

Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје – на сообраќајна површина на булеварот Кирил и Методиј, како и на паркинг-просторот лоциран на улицата Димитрија Чуповски. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

