Скопје
Реконструирана внатрешноста на детската градинка „Калинка“ во Аеродром
Инвестициите во објектите и инфраструктурата за социјална грижа на најмладите продолжува со реконструкција на уште една детска градинка во општина Аеродром. Детската градинка „Калинка“ во населбата Стар Аеродром сега е опремена со нов и функционален мебел, нов ламинат, плочки и нови врати, а извршено е и молерисување на целиот објект, извести општината Аеродром.

Посета на градинката и увид во реализираните активности, вчера изврши и градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека овој вид на инвестиции во инфраструктура и објекти за најмладите ќе продолжат и во иднина.
„Се обврзавме на одговорен однос кон средствата на граѓаните. Реконструкцијата е целосно направена од буџетот на општината и градинката и со инвестицијата се подигнува безбедноста и квалитетот за престојот на дечињата. Овие инвестиции ќе продолжат и во иднина, затоа што тие се потврда за грижата на Општина Аеродром за дечињата и младите во целост“, истакна градоначалникот Муцунски.

На почетокот на оваа година, Општина Аеродром објави оглас за спроведување постапка за јавна набавка за изведување на градежните работи на детската градинка „Изворче“, со што официјално почна процедурата за изградба на нов објект за згрижување на дечиња, проширување на капацитетите и решавање на еден од најголемите проблеми за родителите од овој дел на Аеродром, се додава во соопштението на општината Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

