Скопје
Се расчистуваат дивите депонии во општините Чаир и Бутел
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир, информира „Комунална хигиена“ – Скопје.
Подигнати се приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта „Бутел“.

Се интервенира и на улиците Прохор Пчински и Струмичка во општината Чаир, каде што се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти „Комунална хигиена“ – Скопје.
Како што известуваат од таму, активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

