Скопје
Се уредува просторот пред пензионерскиот дом „Аеродром“, најавена нова урбана опрема и на други локации

Општината деновиве го уредува паркот пред пензионерскиот дом „Аеродром“ каде што се поставуваат нови клупи за седење и друга урбана опрема, со што се создаваат подобри и поубави услови за престој и дружење на станарите од овој дом.
Заменик-градоначалникот Дејан Митески ја посети локацијата на која се работи и имаше можност да се сретне со некои од жителите на домот, во кој живеат вкупно 151 станар. Тој поразговара со нив, ги слушна нивните потреби, барања и идеи и им најави дека Општината ќе продолжи да се грижи за непосредната околина во која живеат тие.
Митески истовремено посочи дека во изминатиот период беше поставена нова урбана опрема на повеќе локации низ целата општина и истото ќе продолжи и во иднина согласно со потребите на жителите на Аеродром. Исто така, во наредниот период ќе биде извршена санација и замена и на кантите за отпадоци со нови поцинкувани садови отпорни на временските влијанија.
Општина Аеродром останува посветена на уредување на јавните површини и на парковите, на создавање повеќе места за дружба и релаксација за сите генерации, како и на одржување на хигиената на целата територијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)