Скопје
Соработка меѓу Македонскиот олимписки комитет и Општина Ѓорче Петров: едукациски програми за наставниците по физичко и поддршка за спортистите

На мое големо задоволство, утринава во мојот кабинет гости беа претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Даниел Димевски и генералниот секретар Сашо Поповски, со кои се обврзавме на взаемна соработка во делот на едукацијата на наставниците по физичко образование, унапредувањето на можностите на спортските работници во општината, како и издигање на спортот на едно повисоко ниво, коешто ќе продуцира нови спортски подвизи и резултати, истакна Стојкоски.
Тој додаде дека бвеше одржан и работен состанок со сите наставници по физичко образование на територијата на општина Ѓорче Петров на кој е разговарано за аномалиите и недостатоците во развојот на спортот, како и во формирањето на нови млади спортски величини, кои треба да се репрезент на општината и државата.
– Реализиравме и обука на којашто присуствуваа наставниците и имаа можност преку разни искуства на Македонскиот Олимписки Комитет да дознаат повеќе околу тестирањето и скринингот на телесната конфигурација на спортистите, се со цел истите да бидат здрави во тренажните процеси и да бидат здрави млади луѓе кои ќе можат да го даваат својот максимум во спортот во кој се натпреваруваат, додава Стојкоски.
– Општина Ѓорче Петров ќе иницира интензивна соработка на ова поле, се со цел младите перспективни спортисти од нашата општина да ги имаат сите услови за работа, односно да бидат под мониторинг на едуцирани и професионални кадри, коишто секојдневно ќе бидат посветени на развојот и напредокот на спортистите, истакна градоначалникот Стојкоски.
– Младите и спортот се наш врвен императив, токму затоа ќе продолжиме во насока на афирмација и поддршка на спортот во Ѓорче Петров, завршува Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)