Скопје
Ѓорѓиевски: Нови 60 деца ќе се згрижат со проширувањето на градинката „Весели цветови“

Дел од градинката „Сончоглед“, која беше дадена на користење на Центарот за социјални работи, се враќа во владеење на Општина Кисела Вода.
Малиот број деца што го посетуваа Центарот за деца од улица ќе бидат префрлени на друго место, а објектот по реконструкцијата што следува, ќе биде градинка што ќе може да прими 60 деца.
– Со задоволство сакам да информирам дека Општина Кисела Вода добива нови 60 места за сместување на деца во градинките. Конкретно, објектот „Сончоглед” при ЈДГ „Весели цветови” добива проширување, бидејќи го вративме просторот што беше даден на користење за Центар за деца од улица. Со оглед на тоа што тука доаѓа многу мал број на деца, побаравме од Центарот за социјални работи за нив да обезбеди нова локација, а ние како општина прво овој простор ќе го реконструираме, а потоа ќе го претвориме во градинка за околу 60 дечиња. Ова е мошне значаен чекор во нашите напори да ги затвориме наследените листи на чекање на кои имаше 450 деца. Во таа насока е и целата моја досегашна работа, од која за неполни три години, колку што сум јас градоначалник, успеавме да отвориме две нови градинки и значително да ги прошириме капацитетите на постојните објекти.
Во овој момент, уште две градинки се во процес на изградба. Едната градинка е во фаза на изградба, а за втората се обезбедени средства и е изготвен проектот. Нашата општина продолжува интензивно да работи на надминување на сите предизвици и создавање дополнителен простор за упис на деца во градинка. Целосно сум сигурен дека ќе го исполнам она што го ветив и дека многу скоро целосно ќе се елиминара чекањето за место во градинка за нашите деца. Оттука, сакам искрено да се заблагодарам на Центарот за социјални работи за нивната соработка и разбирање. Нивниот позитивен одговор на барањето што им го упативме е мошне важен за реализација на нашите планови за подобрување на условите за најмладите во општината, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.