Скопје
Андоновски: Арсовска се претставува како голем борец за правата на жените, но кога нејзиниот најблизок соработник е пријавуван за семејно насилство, никаде ја нема
„Денес, за жал, градоначалничката повторно не се појави на седницата за прашања од советниците и не беше тука да одговори на суштинските прашања што Советот ги има кон неа, а особено за еден скандал што се појави овие денови во медиумите, а тоа е дека нејзиниот втор човек, секретарот на Град Скопје, е пријавуван за семејно насилство“, рече Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.
„Со овие постапки градоначалничката избега од одговорност и од одговори зошто сè уште го толерира функционирањето на секретарот на Град Скопје, кој и понатаму е на својата позиција, без никакви промени, иако јавноста беше згрозена дека тој всушност бил пријавуван за семејно насилство и тоа, според медиумите, не се случува првпат, туку неколкупати во последните години.
Да потсетиме дека само пред една година и помалку од една година секретарот беше вклучен во уште една пријава во рамките на Град Скопје, каде што се случи едно вербално и физичко меѓусебно насилство и за тоа исто така беше алармирана полицијата.
Повторно прашуваме до кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со негова заштита и со тоа што не се појавува во рамките на Советот да одговори на овие прашања, всушност ги брани правата на жените или, пак, ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје, е пријавуван за семејно насилство, таа никаде ја нема да одговори за овие прашања“, изјави Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





