Скопје
Без вода денеска неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, информира дека денеска без вода ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба и Центар.
· Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа на улицата Струшка бр. 4, од 9 часот до завршување со интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Струшка и дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.
· Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Камник во општина Гази Баба (по ново улица Љубиша Самарџиќ), од 9 часот до завршување со интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, вклучително и ресторанот и стрелиштето.
· Поради отстранување внатрешен дефект на водоводна мрежа во комплексот згради „Ист гејт“ на улицата Беласица бб, од 9 часот до завршување со интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведениот комплекс. Санацијата ќе се врши од страна на приватни фирми.
· Поради изведување водоводен приклучок на улицата Дане Крапчев бр. 8, од 9 часот до завршување со интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Дане Крапчев, Дебарца и Славка Недиќ во општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

