Скопје
Без струја делови од Карпош

„ЕВН Македонија“ АД известува дека поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во општина Карпош.
Во периодот од 9.30 до 12.30 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите на улицата Крагуевачка бр. 2 и улицата Франклин Рузвелт бр.148 во општина Карпош, а во периодот од 8.30 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе бидат зградата на поранешно „Горење“ и околината на булеварот Партизански одреди бр. 72 во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценета од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија.
Герасимовски, потенцира дека во изминатите години, во соработка со Црвениот крст се подобри квалитетот на живот на центарци.
„Проектите ‘Итно копче’, бесплатниот транспорт на лица со попречености, редовните крводарителни акции и едукациите за прва помош во училиштата и градинките се позитивно оценети од жителите на Центар. Горд сум што нашата соработка сѐ повеќе се зајакнува и продолжуваме заеднички да ја подобруваме заедницата и да помагаме на луѓето. Центар продолжува да биде општина на солидарноста и на хуманоста. Нека е честит 80 годишниот јубилеј од основањето на Црвениот крст!“, истакна Герасимовски.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улицата 1 Мралино, општина Илинден;
– Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улиците Васил Ѓоргов, Народен Фронт, Јуриј Гагарин, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Иван Хаџиниколов, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Московска околу Аптека Зегин, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од Горно Оризари, Глуво, Рудникот на Гранит во село Бразда, општина Чучер Сандево;
– Во периодот од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од улицата 5 и улицата 7 Јурумлери, општина Гази Баба.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, велат од ПОЦ.