Скопје
Без струја делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево
Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево.
· од 9 до 15.30 часот корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест, Малино во општина Чучер Сандево ќе немаат струја,
· од 8.30 до 15.30 часот корисниците од целото населено место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци во општина Петровец, ќе бидат без електрична енергија;
· од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од улицата 2 во село Долно Лисиче и околу трафостаницата во село Долно Лисиче 3 во општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




