Скопје
Без струја делови од општините Гази Баба и Петровец

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Петровец.
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Едвард Кардељ, на потегот од бензискаттаа пумпа на „Лукоил“ кон стрелиштето „Камник“ (општина Гази Баба);
· од 9.30 до 10ж.30 часот корисниците од селата: Чифлик, Катлановска Сушица, Дивље и Долно, Средно и Горно Коњаре. (Општина Петровец).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.