Скопје
Без струја делови од општините Гази Баба, Карпош и Аеродром
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба, Карпош и Аеродром.
– во периодот од 04.30 до 16.00 часот, корисниците од улица Гемиџиска од бр.2 до бр.10, корисниците од улица Филип Филиповиќ бр.2 и бр.4, како и објектот на Жито Маркет и објектите во негова непосредна близина, во општина Гази Баба.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр.1, 3, 5 и 7. во општина Карпош.
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 20 лоцирани на потегот од парк Бановина до каналот, како и дел од корисниците од улиците Тодор Чангов и Нада Ицева – Салџиева во општина Аеродром.
– во периодот од 10.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од место викано Присојница во Горно Нерези, општина Карпош.
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Џумајска во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

