Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Асфалтирање на ул. „120“ во Јака, Општина Илинден

Деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „120“ во населба Јака, во вкупна должина од 350 метри и тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри.
Увид во текот на асфалтирањето изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека Општина Илинден е во една сериозна градежна офанзива каде се работи на повеќе проекти. Изградбата на улица „120“ е од големо значење за жителите од овој дел на општината. Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места со цел подобрување и обезбедување поквалитетни услови за живеење на сите жители.
Дополнително градоначалникот додаде дека изградбата на улица „120“ е дел од проектите кои ги финансира Владата, а со проектите е опфатена изградба на нов мост и сервисна улица во Јака, како и изградба на фекална канализавија и реконструкција на локалниот пат Бујковци-Мршевци. Средствата за реализација на овие проекти се 70% од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.
Македонија
Црвен крст: Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари по трагедијата во Кочани

Со исплатата се опфатени вкупно 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 99 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.
За секое лице е исплатено 150.000,00 денари, соопшти Црвениот Крст.
Како што информираат, за две семејства од починатите лица и 16 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.
Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари.
Македонија
Театарот на апсурдот продолжува, нема да молчиме, порачуваат од ДУИ

Сѐ повеќе медиуми, и аналитичари, експерти и граѓани се во неверување — како е можно следново:
Министерот за внатрешни работи – 13 месеци на функција. Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци. Министерот за економија – 9 месеци. Директорот на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци. Управата за јавни приходи – 9 месеци. Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип. Овие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците. Но, ниеден од нив не одговара’, велат од ДУи.
Наместо тоа, според партијата на Ахмети, има извртување на правдата и како што велат, во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание, и не можат да го попречат процесот.
Како што нагласуваат во оваа партија, дури и студент на прва година од Правен факултет знае дека не постои причински последична врска низ годините, кога сите дозволи и лиценци се обновуваат секоја година.
„Значи, ова не е правда. Ова е трансакција. Политички договор во кој премиерот добива можност да ја води судската фарса — емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието, стопирање на вистинската истрага и заштита на луѓето од власта. Но оваа игра е опасна“, потенцираат од ДУИ.
Оваа неправда, оваа селективна правда, оваа контролирана бура од емоции и закани, како што ја нарекуваат, според нив ќе предизвикаат снежна лавина што ќе го разори правниот поредок и ќе ја
уништи довербата во судството.
„Ќе создаде жестока политичка поларизација, во која секој ќе фати секого за уши и ќе владее хаос наместо вистина. Ние нема да молчиме. Ние нема да престанеме да ја бараме вистината.
И нема да дозволиме дежурни виновници да се вадат од партискиот тефтер на премиерот, од заробено судство и политичка корупција“, порачуваат од ДУИ.