Скопје
Без струја денеска делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош
„ЕВН Македонија“ известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош.,
Во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од некои од објектите меѓу улицата Лазар Димитров, булевар Србија, булевар Борис Трајковски во општина Аеродром.
Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата Горноврановска во општина Аеродром ќе немаат електрична енергија.
Како што информира ЕВН, во периодот од 9 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Ужичка Република, Бранко Заревски, Иван Хаџиниколов, Иван Турењев, Чупино Брдо, Димитар Гуштанов, Живко Фирфов, Марија Кири, објектите на пожарнатата, Поликлиниката во Драчево и МВР во општина Кисела Вода, а во периодот од 9 до 14 часот дел од корисниците на улиците Гиго Михајловски и Франклин Рузвелт и булеварот Партизански одреди во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

