Скопје
Без струја неколку скопски општини

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево, Кисела Вода, Бутел и Зелениково.
Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од село Побожје во општина Чучер Сандево.
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан, Михаил Чаков и дел од булеварот Борис Трајковски во општина Кисела Вода.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Горњани во општина Чучер Сандево.
Во периодот од 07.00 до 15.00 часот, објектите на Гипсар, Универзал Комерц и некои објекти во близина кои се напојуваат од ТС Гипсар во општина Бутел.
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Зелениково (м.в.Прелози кај млекарата) во општина Зелениково.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.