Контакт

Македонија

Без струја повеќе скопски општини

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од град Скопје и неговата околина.

dobivaj vesti na viber

– од 7.30 до 9.30 часот, корисниците од ул. Жан Жорес, ул. Јордан Поп Јордан, ул. Петре Филиповски – Гарката, ул. Ордан Пиперката, мал дел од ул. Благоја Стефковски, мал дел од ул. Маџари (општина Гази Баба);

– од 11 до 14 часот, корисниците од населбата Лисиче, дел од ТЦ „Лисиче“ (околу маркетот „Елида“), ул. Димитар Туриманџовски (општина Аеродром);

– од 8 до 11 часот, корисниците од ул. Орце Николов 125, 127, 129, дел од ул. Костурски херои (општина Центар);

– од 8.30 до 14 часот, корисниците на дел од с. Долно Соње (општина Сопиште);

– од 8.40 до 11 часот, корисниците од с. Волково ул.: 3, 11, 13, 15, 17, 55, 59, 61, 63, 65, 67, 69, 71, 73, 79, 100 и фирмата „Ажур“ (општина Ѓ. Петров);

– од 12.40 до 14.30 часот, корисниците од с. Волково сретсело, ул. 81, 89 и 91, како и околните улички (општина Ѓ. Петров);

– од 13 до 16 часот, корисниците од ул. Иван Хаџиниколов, од куќните броеви 75-87 околу НЛБ Тутунска банка (општина К. Вода);

– од 9 до 13 часот, корисниците од с. Љубин (општина Сарај);

– од 8.30 до 11 часот, корисниците на дел од ул. Корушка, ул. Вангел Дину и ул. Иван Цанкар (општина Карпош).

Македонија

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

Објавено пред

Во парламентот вчера јавноста можеше да го види вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва од Крива Паланка.

dobivaj vesti na viber

„Сега се гледа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Оној испад којшто вчера го имаше министерката Кочовска во парламентот е само доказ дека тоа е нивното вистинско лице – арогантни, безобразни, нетолерантни и агресивни. Претставниците на власта трошат енергија за да го прикријат вистинското лице, но тоа излегува на виделина,“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека министерката за финансии со своето однесување покажала отсуство на основна почит кон институцијата која ја претставува.

„Можете да замислите каква навреда, какви зборови користи на говорница министер којшто во дефиниција значи слуга. Треба да му служи на народот некој кој се однесува со таква агресивност. Тоа ни укажува дека воопшто немаат намера да му служат на народот, туку да се однесуваат така бахато исклучиво во интерес на нивните партиски и лични интереси,“ истакна лидерот на СДСМ.

Филипче е дециден дека ваквото однесување ќе продолжи да излегува на виделина и дека власта веќе не може да го сокрие своето вистинско лице.

„Се повеќе ќе излегува на виделина тоа. Од сите претставници на власта. Нема да може повеќе да го прикриваат поради тоа што работите не им одат добро,“ порача претседателот на СДСМ.

СДСМ останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да ја разобличува ароганцијата и нетранспарентноста на оваа власт, која наместо да работи за народот, се води единствено од партиските интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Објавено пред

„Наместо да биде свечен настан посветен на децата, инаугурацијата на новата градинка во Матејче-Липково беше искористена како платформа за политичка промоција од страна на ДУИ. Овој чин, кој требаше да означи чекор напред во грижата за најмалите, беше претворен во партиски настан, со што се прекршија принципите на неутралност и се занемари Конвенцијата за правата на детето“, посочија од партијата ВЛЕН.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ, во недостаток на конкретни проекти, се обидува да присвои успеси кои се резултат на работата на владата ВЛЕН. Досега не понудија ниту една нова иницијатива, а сега настојуваат да си припишат инвестиции кои не се нивно дело.

Ако ДУИ навистина го смета овој проект за свое постигнување, зошто тогаш не ја поканија поранешната министерка од нивниот коалициски партнер? Ова јасно покажува дека нивните обиди да си припишат заслуги се неосновани и нелегитимни.

Граѓаните ја знаат вистината и се сведоци на позитивните промени што ги носи владата ВЛЕН. Остануваме посветени на подобрување на благосостојбата на децата и на сите граѓани, без политички злоупотреби и ниски манипулации, велат од ВЛЕН.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

Објавено пред

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во Палестина двете земји споделуваат ист став, а тоа е преку формирање на две држави. Ова го истакна турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган за време на заедничката прес-конфренеција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, во Турција.

dobivaj vesti na viber

Ердоган потсети и дека Турција е една од првите земји што ја признаа независноста на Македонија, и ја потенцира важноста на турската заедница во нашата држава за одржувањето на блиски односи меѓу двете држави.

„Како наш соработник во НАТО, ние сме две пријателски земји кои директно влијаат врз зачувувањето на мирот на Балканот. Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје“, истакна Ердоган.

Претседателот заклучи и дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција помеѓу народите. Напротив, треба да биде поле за заедничка соработка и за развој.

И Мицкоски ги потврди добрите односи меѓу двата народа, а за Ердоган рече дека во него гледа голем поддржувач и пријател.

Мицкоски и Ердоган потпишаа декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво. Советот, како што беше истакнато, ќе ја утврди стратегијата за односите меѓу Турција и Македонија во областите на политиката, безбедноста, одбраната, економијата, трговијата, енергијата, транспортот, инфраструктурата, земјоделството и шумарството, медиумите и комуникациите, туризмот, културата, науката, уметноста, младите, спортот, образованието, здравството, животната средина и дигиталната трансформација и контактите меѓу граѓаните на двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...

Македонија4 часа

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија6 часа

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ6 часа

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија7 часа

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија8 часа

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија8 часа

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија9 часа

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија10 часа

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија11 часа

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија11 часа

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет12 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија13 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ13 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет13 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет15 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет16 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија1 ден

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија1 ден

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...