Скопје
Блесна „Аеродром“ – „Новогодишна Бајка“ ги расположи скопјани
Естетски украсен парк со феноменални светилки и 15 метарска елка, новогодишен базар на кој може да се најдат уникатни производ, вкусна храна, бесплатно вино и греено вино, маскоти од цртаните филмови и многу македонска музика на “Новогодишна Бајка“ во парк „Авионче“ во Аеродром
„Новогодишна Бајка“ го оплемени паркот „Авионче“ во Општина Аеродром со убаво спакувана новогодишна приказна, која веќе два дена на скопјани им нуди одлична програма и активности за максимално уживање.

Вчеравечер се случуваше вистински делириум на настапите на Кате „Нели ти реков“ и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле и Тони Андреев, повеќе од пола тон вино се наточи благодарение на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена им обезбеди бесплатно вино од нивниот асортиман а дополнително и бесплатно греено вино со мирудии.
Освен музички репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што се достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи.

Дополнително, за најмладите, има забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!
Вечерва на програмата ќе може да се слушнат Тамара Волчевска, Таско и Тони Зен, а ќе бидат присутни и Мики и Мини Маус, Paw Patrol, Eлса и Mињони.

Настанот е финансиран од Општина Аеродром преку програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Град Скопје, а воедно настанот е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

