Скопје
Бутел и Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска:
– Поради замен на ветил Ф 2“ на улица Боро Кралевски 13 Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Боро Кралевски и дел од улиците АФЖ, Киро Димишков, Ѓоре Ѓоревски и 1588 во општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности;
· Поради уличен дефект на приклучна водоводен цевка Ф2“ на улица Хаванска 4-Вила Кастро. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Хаванска 4-Вила Кастро во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.
„Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.
Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50“, соопштуваат од Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка во општина Аеродром

Општина Аеродром извести дека ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:
– „Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете“;
– Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
– Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
– Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
– Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;
„Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси“, соопштуваат од општината.
Скопје
За седум дена санкционирани се 142 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.03. до 09.03.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, велат од ЈП Паркинзи.