Македонија
Вечерва во паркот „Ибни пајко“ две изведби на отворено во време на корона
За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“.
Во 20 часот, во паркот „Ибни Пајко“, музичарoт Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот, на истата локација, настап ќе има квартетот Agni Avshar.
Нивните настапи ќе бидат стримувани на:
– фејсбук-страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на
– Youtube-каналот на Град Скопје
https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е, пред сè, да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/
Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
– маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
– виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца… во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето-износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

