Скопје
(Видео) Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во општина Гази Баба
„За две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината. Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања. Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024 година“, рече Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба.
„Верувале или не, за две и пол години дури 650.000 евра за вдомување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие средства на најмладите ќе им обезбедеше 4 нови градинки, проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос во Автомоманда ќе беше уште оддамна минато, а ќе се поставеа неколку километри водоводна и канализациска мрежа.
Токму затоа ставката во буџетот на привремени вработувања е 100% реализирана. Градоначалникот Стефковски безмилосно троши народни пари за својте сопартици.
Мои сограѓани, таква е реалната слика кога ВМРО-ДПМНЕ ја практицира власта, а наместо капитални проекти, граѓаните плаќаат за вработувања.
Градоначалникот Стефковски едно ветуваше кога ја бараше довербата од граѓаните, а сосема друго прави од позиција кога е седнат во фотелја“, изјави Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

