Скопје
(Видео) Стефковски: Изминатите 3 години од мандатот реализиравме 530 нови проекти
По повод три години од оддржувањето на локалните избори, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово преку видео обраќање се обрати на граѓаните во кое информираше за сработеното во изминатите три години од неговиот мандат.
Во обраќањето градоначалникот Стефковски истакна дека денес повеќе нема населено место во општина Гази Баба кое нема вода за пиење, а по однос на проблемот со недостатокот на фекалната канализација тој полека но сигурно се надминува.
„Изградивме спортска сала во Стајковци, а за неколку дена од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата сала во Булачани. Дополнително до крајот на годината ќе започнеме со изградба на нова сала и во Црешево. Градиме нова детска градинка во Трубарево, а за неколку недели од денес ќе започнеме со изградба на нова градинка во Инџиково“, порача Стефковски.
„На крајот од обраќањето градоначалникот Стефковски порача: тука нема да застанеме. Продолжуваме со уште посилно темно да работиме со цел реализација на проект повеќе. Ветив одговорна, чесна и посветена работа и докажав дека тоа е возможно. До последниот ден од мандатот ќе го вложувам и последниот атом од мојата енергија, бидејќи граѓаните заслужуваат дела“, заклучи Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)
Македонија
(Фото) Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка
Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма во пресрет на Хистовот раѓање-Божик, продолжи во организација на Град Скопје.

„И покрај дождливото утро, денеска во Кисела Вода силно ја почувствувавме празничната атмосфера и духот на Бадник. Коледарчиња од нашата општина, со песна и насмевки, го најавија Христовото Раѓање и ја продолжија традицијата што со генерации се пренесува и се чува.

Со задоволство ги пречекавме и ги дарувавме дечињата, како дел од обичаите кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вистинските вредности: заедништво, почит и грижа еден за друг“, рече градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Заедно продолживме кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма продолжи во организација на Град Скопје.

Овие денови нè потсетуваат колку е важно да бидеме заедно, со отворено срце и подадена рака, не само на празник, туку во секој ден од годината.

Од срце им благодарам на дечињата за убавината што ја донесоа во ова утро, како и на нивните родители што ја негуваат љубовта кон обичаите и вистинските животни вредности.

Нека ни е за многу години овој светол празник и нека ни донесе здравје, мир и љубов во секој дом“, изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.


