Скопје
ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета, велат од СДСМ
„Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава“, велат од СДСМ.
„Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.
– Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.
Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа.
Последното и единствено зголемување на помошта за новороденче во Аеродром се случи во 2018 година, кога СДСМ ја зголеми оваа помош од 5.000 на 8.000 денари.
Во 2021 година Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Последната одлука на Советот на Општина Аеродром е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари.
Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош.
Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

