Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟤𝟢𝟨 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од општина Сарај

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Сарај.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Сарај – пат за Лубин, кај Џамијата во општина Сарај ќе бидат без струја.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач ф 50 мм на улицата Радика број 1, без вода ќе останат корисниците од улицата Радика во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.
Скопје
Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кадешто со учениците од ова училиште заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари.
„На Денот на мајчин јазик, се сеќаваме на моќта на зборот, на силата што ја носи секоја реченица што ја изговараме. Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција што ги носиме во срцето. Да го чуваме и негуваме! Утрово, со учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” заеднички го одбележавме Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари со креативна работилница. Упатувам благодарност до сите наставници и до директорката за целиот труд што го вложуваат во здрав развој на нашите деца“, истакна Герасимовски.