Скопје
Во Центар за една недела санкционирани 261 возач поради непрописно паркирање
Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од нив, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 173 непрописно паркирани возила, а со блокатор санкционирани биле 88 возила затекнати во резидентни зони, кои не биле корисници резиденти за секторот во којшто биле паркирани.
Општина Центар информира дека континуирано ќе спроведува мерки со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на територијата на општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години.
Тој најави дека, во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми кадешто граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината.
„Буџетските форуми поминаа искрено одлично со голема посетеност, но и заинтересираност од страна на жителите. Ноември месец се токму за нив. Добредојдени се граѓаните да ни дадат што поголем број на предлози и идеи за да ги ставиме во новата програма и ги преточиме во буџетот“, рече Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека завршена е постапката за уредите за мерење на бучава.
„Предлагам истите да почнат што поскоро да се поставуваат. Ако можеме уште од оваа недела да се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови. Според бројот на пријави и поплаки од жителите и таму да се постават“, посочи Герасимовски.
На состанокот со вработените во општината, тие разговараа и за хортикултурното и партерно уредување на плочникот кај Зелен пазар. Тој, потенцираше дека на оваа локација улица нема да има, туку ќе се реконструира кошаркарското и детското игралиште, ќе има ново зеленило. Герасимовски, изјави дека ветувањето е дека до месец мај мора да се заврши.
Во однос на хигиената, Герасимовски порача дека хигиничарите се секојдневно на терен и ќе преземат се’ што треба за да нема смет по улиците.
„Гледаме дека градот почна, односно има ветувања дека ќе почне со расчистување на сметот, но ние нема да го чекаме градот, како и досега си продолжуваме. И од сабајле, и ги слушаме и ги гледаме нашите хигиеничари. Имавме доста проблеми викендов што не се чистеа подземните контејнери, па работеа и сабота и недела, но Центар мора да биде чист, нема да го чекаме градот, туку сами ќе се превземаме се што треба за да немаме смет по улиците“, додаде Герасимовски.

