Скопје
Гази Баба доделува 10 милиони денари за поддршка на спортот

Општина Гази Баба преку објавен јавен оглас доделува 10.000.000 денари за финансиска поддршка на спортот во општина Гази Баба.
За јавниот повик, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук.
„На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба“, напиша Стефковски.
Јавниот повик трае до 15.02.2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓоргиевски.
Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.
Скопје
Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.
Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.