Скопје
Гази Баба поставува унифицирани корпи за отпадоци од домашни миленици

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ информира дека од денес општината ќе постави нова урбана опрема.
„Гази Баба е првата општина во Република Македонија, која на јавните површини ќе постави унифицирани корпи за собирање на сметот што го оставаат домашните миленици.
По поставувањето куќарки, ова е втор чекор што го презедовме и со кој на дело ја покажуваме нашата грижа кон домашните миленици.
Во оваа пригода сакам да апелирам до сопствениците на миленици да ги користат поставените корпи за заеднички да се грижиме за заштитата на животната средина.
Дополнително, насекаде во општина Гази Баба ќе поставиме и нови корпи за отпадоци. Набавката на оваа урбана опрема ја направи ЈКП ‘Гази Баба’ за што јавно им благодарам за посветеноста и креативноста во работата“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓоргиевски.
Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.
Скопје
Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.
Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.