Скопје
Герасимовски: Го регулираме хаосот со подземните катови на Водно
Советниците на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Герасимовски, донесоа одлука за одредување на височина на нулта плоча за градби кај терени во пад, определена од страна на пристапната сообраќајница, кон дното на парцелата, како пресек на градежната линија со котата на теренот.
Со оваа одлука за прецизирање на нултата плоча се намалува можноста за злоупотреба при проектирање и изведување подземни нивоа на коси терени, велат од општина Центар.
Инцијативата, како што се наведува во соопштението, произлегла од утврдување на фактичката состојба со градби на стрмните терени на Водно.
„Мојот предлог произлезе од проблемите со кои се соочуваме на терен и со кои се соочуваат и самите граѓани. Со одлукава сакаме да ги минимизираме злоупотребите кои се можни со законската регулатива и подзаконските акти при градењето на Водно. Ниеден правилник не е совршен, нема црн и бел туку има сива зона во која постојат можности за манипулации. Токму тоа сакаме да го спречиме“, истакна Герасимовски.
Оваа одлука за одредување на височината на приземната плоча за градби на терени во пад важи за новопланираните објекти во градежните парцели за кои не е уредено во општите одредби/услови во деталните урбанистички планови што се спроведуваат во Општината.
Одлуката не се применува во случаи кога веќе има одобрен идеен проект или е започната управна постапка – барање за одобрение за градење, се додава во соопштението на општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

