Скопје
Герасимовски: Завршени 70 отсто од изградбата на новата градинка „Пролет“
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, направија увид во градежните работи на градинката „Пролет“. Станува збор за градинка што општината ја гради со сопствени средства и по повеќе од 50 години.
Градоначалникот Герасимовски пред медиумите истакна дека завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи поради што градежните работи се одвиваат во внатрешноста на објектот.
„70 % од градежните работи се завршени. Завршено е поставувањето на електричната и водоводната инсталација, поставени се сите преградни ѕидови како и противпожарните врати кон подрумските простории, пристигнати се поголемиот дел од елементите во кујната кои се по најсовремен хасап систем. Сакам да напоменам дека децатаа во градинката Пролет секојдневно ќе добиваат свежо приготвена храна само за нив и истата ќе им се доставува преку посебен лифт. Исто така пристигната е опремата за греење и ладење, поставен е и лифтот за децата со инвалидитет и попреченост во движењето како и рампите за влез и излез во подземната гаража. Кровот е исто така целосно завршен. Општина Центар градинката ја гради со сопствени средства и оваа инвестиција значи решавање на еден долгогодишен проблем за сите родители од Пролет и Маџир Маало“, истакна Герасимовски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пак истакна дека овој начин на работа преку правилно насочување на парите кон граѓаните ja покажува вистинската грижа за сите кои живеат во Центар.
„Ова е вистински пример што значи грижа за луѓето што живеат во Општина Центар, што значи исполнување на потребите на граѓаните. Оваа градинка е прва која се гради во Општина Центар по половина век, на најголема површина од 3.276 метри квадратни, и ќе биде најголемата детска градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од оваа општина. Инвестицијата е во вредност од 2,5 милиони евра, а изградбата е целосно финансирана од општинскиот буџет. Ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и најмили и за сите граѓани – вака изгледа тоа на дело. Со ова темпо на работа, верувам дека вратите на оваа градинка ќе бидат отворени во септември“, изјави Ковачевски.

Преку оваа градинка Општина Центар ќе обезбеди и нови вработувања и беспрекорно функционирање во предучилишните установи, без никакви листи на чекање за упис на нови дечиња. Општината продолжува да работи на инклузивноста во образованието и обезбедување најсовремени и најквалитетни услови за престој на децата и идните генерации, се додава во соопштението на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

