Скопје
Герасимовски: Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет
Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет. Старите и дотраени детски реквизити се заменија со нови. Децата добија нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, а поставена е и нова клупа за следење на детската игра.
![]()
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека во тек е реконструкција на повеќе детски игралишта со цел децата од различните генерации да играат правилно растат и се развиваат, го негуваат спортот и преку него се социјализираат и дружат. Градоначалникот на Општина Центар Герасимовски беше во населба Пролет кај детските и спортски игралишта и поразговара со жителите.

„Периодов работиме на реконструкција на старите и дотраени реквизити на детските и спортски игралишта. Нашата цел истите да бидат подготвени и спремни да ги дочекаат децата во убавите сончеви денови. Физичкиот развој кај младите е исклучително важен во периодот на растење и развивање затоа нашата цел е децата да добијат што повеќе нови реквизити со цел да ја негуваме детската игра, физичкиот развој на децата како клучен фактор во целокупното здравје“, вели Герасимовски.

Општина Центар досега реконструираше неколку детски игралишта во Градски Ѕид кај Коктел Бар, близу Зелениот пазар, на Водно детското игралиште на ул, Славејко Арсов, малото фудбалско игралиште кај Кам маркет во Дебар Маало, од старото и дотраено направи комплетно ново и инклузивно игралиште близу т.ц Зебра, ги реконструираше детските и спортските игралишта во Капиштец, двете спортски игралишта во дворот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“, детското игралиште близу Градската болница и кошаркарското, фудбалското и детското во населба Пролет.

Општина Центар во меѓувреме работи на реконструкција и на уште неколку детски и спортски игралишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Наградата „Феникс“ е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера“, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс“ се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

