Скопје
Герасимовски: Општина Центар е пример за инклузија на сите деца со попреченост
Денеска, на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на ЈУМЦСР, Изеир Мемеди, ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа, отворен во ООУ „Киро Глигоров“, на која, покрај децата со церебрална парализа, се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром.

„Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште, кое всушност е прво во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување 40 корисници, а во моментот го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка во согласност со своите индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар, но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор, кој обезбедува инклузија за сите деца со попреченост“, порача Герасимовски.
Центарот за деца со церебрална парализа почна со работа во 2019 година, тој се протега на површина од 305 м2 и е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по ХАСАП-стандарди, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео-плафони, адаптабилно загревање и интерактивни табли.

Општина Центар преку отворање ваков центар покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството, како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница. Хуманото и инклузивно образование, кое го негува Општина Центар, особено во ООУ „Киро Глигоров“, е пример што треба да го следи секоја општина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




