Скопје
Герасимовски: Паркот на франкофонијата добива паметно осветление
Од Паркот на франкофонијата почна инсталирањето на тип 3-светилките, кои се дел од паметното осветление на јавни површини во општина Центар. Овие светилки имаат поинаков и декоративен дизајн и ќе бидат инсталирани во паркови, на шеталишта, во основни училишта, градинки и на други локации.
Од тип 3-светилките ќе бидат инсталирани 715, со моќност на светилка од 34 W. Градоначалникот Горан Герасимовски појаснува дека новите ЛЕД-светилки немаат еколошки штетни материјали, немаат УВ-зрачење, имаат висок и предвидлив животен век, намалена потрошувачка на електрична енергија, висока светлосна ефикасност, одличен индекс за рендерирање бои, лесни се за рециклирање, помалку привлекуваат ноќни инсекти и се отпорни на вибрации и удари.

„Со инсталирањето на паметното јавно осветление се покажа дека Општина Центар е носител на иновации, кои им носат бенефити на граѓаните. Со новото осветление Општината ќе ја унапреди енергетската ефикасност, со тоа што ќе оствари заштеда до 70 % на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветление и повеќе од 75 % на трошоците за одржување на постојниот систем. Ова ЛЕД-осветление со технологија за автоматско димирање, односно нагодување на светлината следејќи го заоѓањето на сонцето, не само што носи заштеди туку и нови инвестиции, кои ќе произлезат од тие заштеди“, порачува Герасимовски.
Герасимовски информира дека тип 3-светилките ќе бидат инсталирани на споредни и на резиденцијални улици, како и во паркови, на шеталишта, во градинки и училишта. Инсталирањето на паметното осветление го прави „А1 Македонија“ и ќе се одвива етапно според урбани заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

