Скопје
Герасимовски: По повеќе од 30 години, реконструирани улиците Андон Дуков и Донбас во Дебар Маало
По повеќе од три децении, за првпат се изврши комплетна реконструкција на улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало, кои претходно беа во многу лоша состојба, со оштетен асфалт и без атмосферска канализација. Вкупната должина на реконструираните улици изнесува 131 метар, „Андон Дуков“ е со должина од 61 метар, а „Донбас“ е долга 70 метри. На „Андон Дуков“ е поставен нов асфалт со површина од 227 квадратни метри, додека на „Донбас“ се асфалтирани 286 квадратни метри, извести општина Центар.

Реконструкцијата вклучува изградба на нова атмосферска канализација со цевки со дијаметар Ф300 mm во должина од 92 метри, што ќе овозможи ефикасно одводнување на дождовната вода. Покрај асфалтирањето на коловозите, поставени се нови бетонски рабници и тротоари со павер елемент.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека реконструкцијата на овие улици значително го подобрува квалитетот на живот во овој дел од Центар и ги решава долгогодишните проблеми на граѓаните.

„Сега улиците се безбедни и функционални и со современа инфраструктура, со што се решава повеќедецениски проблем во населбата. Продолжуваме посветено да вложуваме во подобрување на нашата урбана средина“, изјави Герасимовски.
Улиците се од особена важност за поврзување со улицата „Орце Николов“ и минуваат низ густо населени делови со станбени и деловни објекти, што ја прави оваа реконструкција уште позначајна за локалните жители, додаваат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





