Скопје
Градоначалникот Трајановски го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во петок традиционално во пресрет на новогодишните празници го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и подели пакети со топла облека.
„Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк. Сакам да се заблагодаран на Црвениот крст на Град Скопје за нивната посветоност во помагањето на бездомните лица за да им се подобрат условите на живот. До сега, со поддршка на Град Скопје, 8 лица се работно ангажирани во јавните претпријатија и планираме и во иднина да им помагаме на оваа категорија граѓани“, рече градоначалникот Трајановски.
Сите бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, вкупно 50 лица, денеска добија пакети од Град Скопје коишто содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.
Пунктот за бездомници функционира веќе 8 години, во рамките на програмата отворен е преку целата година, а два пати неделно може да ги користат следниве услуги: одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот;
Бездомниците кои поради здравствената состојба имаат потреба од привремено сместување се згрижуваат во прифатилиштето и таму можат да останат додека не закрепнат. Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги.
На располагање за бездомниците е и стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување.
Исто така, стационарот е 24 часа отворен за време на студен и топол бран.
Од денеска, 30 декември, до завршување на ладниот бран, пунктот ќе биде отворен 24 часа, за да излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата и во него има тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани. Бездомниците може да го повикаат тимот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Градот Скопје, како и на компаниите кои во се поголем број ја поддржуваат работата на Центарот и им го олеснуваат животот на бездомните лица. Сузана Тунева-Пауновска најави дека идната година на оваа категорија граѓани ќе им нудат и правна помош за да можат да дојдат до документи и полесно да можат да влезат во системот.
Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.. 700. 000 денари, од кои 500.000 ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од Алкалоид и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје, како и од други донатори. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

