Скопје
Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода: „Мојот тим ги запишува барањата“
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денот го поминал во својот кабинет каде телефонски разговарал со повеќе од 50 граѓани за нивните проблеми, потреби и идеи Информираше дека барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон решавање, а сите останати граѓани кои се соочуваат со некаов проблем, можат да се јават на 02/2785400 и да закажат средба.
„Нема одмор – се работи и во сабота Од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 50 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите од општината. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање.
Морам да споделам дека ме радува тоа што некои граѓани немаат апсолутно никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина.
Има и такви кои се пријатно изненадени и велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак лично да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен и за мене тоа е најголемото признание дека сме на добар пат.
Останувам тука да разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе.
На проблемите ќе им погледнеме во очи и заеднички ќе ги решаваме. Секогаш за мојот народ“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

