Македонија
Град Скопје бара трпение додека траат градежните работи на улиците и булеварите
Град Скопје продолжува да гради со засилено темпо и ја почна летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во периодот градежни работи има на 11 локации во градот, во неколку скопски општини, велат од оваа институција.
Потсетуваат дека градежните работи се во тек на: булеварот АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, на улицата Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри, и на раскрсницата на улицата Скупи и булеварот 8 Септември, раскрсницата на булеварот 8 Септември и булеварот Никола Карев и раскрсницата на булеварот Никола Карев и булеварот Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин Поток).
Се гради, како што велат од Град Скопје, и на булеварот Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри, улицата Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри, булеварот Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 500 метри, има изградба и пробивање на улицата Есенинова, од булеварот Борис Трајковски до булеварот Трета македонска бригада и на улицата Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри.
Во наредните денови, според најавите од оваа институција, треба да почне и реконструкцијата на: булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичката црква, на должина од 530 метри, улицата Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри, булеварот Кузман Јосифовски – Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин, булеварот Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски – Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри.
Град Скопје со благодарност до граѓаните што имаат разбирање и трпение кое е неопходно за во исто време да се реконструираат толку голем број улици и булевари во разни општини. Екипите што работат на реконструкциите се трудат да ги изведуваат брзо, во рекордно кратки рокови, со внимателно планирање на привремените сообраќајни режими за да се обезбеди оптимална брзина и безбедност за сите учесници во сообраќајот, напоменуваат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

