Македонија
Град Скопје: Потпишана декларацијата за унапредување на положбата на женското претприемаштво
Денеска, во Град Скопје се одржа панел-дискусија за подобрување и унапредување на правата на жените, на која беше потпишана декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемаштво.
На панел-дискусијата учествуваа претставници на јавните препријатија од град Скопје, жени на раководни позиции од градската администрација, претставници од средните училишта, како и претставници на граѓански здруженија.
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, порача дека важно е обезбедување системска поддршка, која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените.
На панел -искусијата, Арсовска, во рамките на Националната платформа за женско претприемашто, ја потпиша декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемаштво, која како една од целите ќе го потикнува креирањето на политиките во реформскиот процес за поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање политики на локално и национално ниво.
„Жените се и секогаш биле двигател на промените во општеството, затоа мора да работиме на креирање политики што ќе овозможат економско јакнење на жените, да ги промовираме успешните примери и да придонесеме за нови успеси. Системски да се воспостави механизам за поддршка, да се зголеми учеството на жените во процесот на носење одлуки, да се подигне свесноста за потенцијалот, затоа што на тој начин го обезбедуваме личниот и колективниот развој во општеството за сите сегашни и идни генерации“, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

