Скопје
Над 100 кипариси засадени во парк-шумата Гази Баба
По повод одбележувањето на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема екоакција за пошумување на парк-шумата Гази Баба. Во рамките на оваа екоакција градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска заедно со 100 ученици засади над 100 кипариси во парк-шумата Гази Баба.

„Заедно со средношколците го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите со акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено ја подигнуваме свесноста за важноста на животната средина и одговорниот однос кон неа, без нејзино загадување и уништување. Истовремено, Град Скопје продолжува со реализацијата на многубројни активности за садење дрвја и садници на повеќе локации во Скопје“, изјави Арсовска.
Во големата екоакција за пошумување учествуваат 100 средношколци од средните училишта на град Скопје – „Боро Петрушевски“, „8 Септември“, „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





