Скопје
Двајца млади скопјани се уапсени, едниот со лисици изнесен од угостителски објект

Вчера во 21.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода А.О.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Ноќеска пак, од МВР известуваат дека во 01.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, најавија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите.
„Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата рескција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот. Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.