Контакт

Скопје

Дел од Центар денеска без струја

Објавено пред

ЕВН Македонија АД известува дека поради панирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– Од 09:00 до 16:00 часот,дел од улиците Пролет, Стале Попов и Крушевска Република во општина Центар;

– Од 07:00 до 09:30 часот, дел од улицата Народен Фронт од Поликлиника Ружа до ресторан Крчма, општина Центар.

Скопје

Герасимовски: Иницијативата за забрана на мобилни телефони во текот на наставата се спроведува успешно, мило ми е дека и другите општини почнаа да го следат нашиот пример

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар одржа координативен состанок со директорите на општинските училишта, на кој главен фокус беа препораките за настава без мобилни телефони, одржување редовни класни часови посветени на препознавање и справување со сајбер булингот, како и активно вклучување на стручни лица преку работилници за борба против дигиталното насилство.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата за забрана на мобилни телефони во текот на наставата се спроведува успешно, одобрена од наставничките совети, а позитивни реакции пристигнуваат и од педагозите, родителите и стручната фела.

„Со оваа иницијатива, Општина Центар се позиционира како лидер во зачувување на менталното здравје кај децата, обезбедување образование без пречки, поголема концентрација и подобра социјализација. Мило ми е што гледам дека и другите општини почнаа да го следат нашиот пример. Ги почитуваме препораките на УНЕСКО, а класните часови се резервирани за отворени разговори со учениците, препознавање на негативните појави и фокусирање на вистинските вредности“, истакна градоначалникот Герасимовски.

На состанокот беше покрената и иницијатива за почисти и уредни училишни дворови, со вклучување на учениците во одржување на хигиената.

„Важно е да ги мобилизираме децата и да ги поттикнеме да придонесат за почист Центар, започнувајќи од своите училишта. Во наредниот период ќе се реализираат низа активности за чистење уредување на училишните дворови, согласно насоките што ги дава општината. Во зависност од временските услови и загаденоста на воздухот, ќе се спроведуваат соодветни акции. Целта е да ја подигнеме свеста на младите за здрави навики и грижа за животната средина, а воедно да создадеме училишта каде што слободното време ќе се користи одговорно и за подобрување на заедничкиот простор“, нагласи градоначалникот.

Дополнително, се разговараше за воведување училишни униформи од наредната учебна година, откако одлуката беше усвоена на Советот на Општина Центар. Исто така, беше дискутирано за подобрување на училишната инфраструктура и санација на инфраструктурните проблеми.

Градоначалникот одржа и работна средба со менаџментот на општинските градинки, каде што беа разгледани клучни прашања поврзани со подобрување на условите во предучилишното образование.

Прикажи повеќе...

Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета, велат од СДСМ

Објавено пред

„Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.

– Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.

Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа.

Последното и единствено зголемување на помошта за новороденче во Аеродром се случи во 2018 година, кога СДСМ ја зголеми оваа помош од 5.000 на 8.000 денари.

Во 2021 година Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Последната одлука на Советот на Општина Аеродром е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари.

Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош.

Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Субвенции за младите од Карпош кои ќе посетуваат обуки за полагање возачка дозвола

Објавено пред

Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на горенаведените субвенции.

dobivaj vesti na viber

Оттука, секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години.

Согласно утврдените правила, висината на субвенции е определена според следниве критериуми:

  • Двајца родители со вкупен приход до 80.000,00 денари,добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари,добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари,добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од над 120.001 денари,добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.

Локалната самоуправа напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за  посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиена Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општина Карпош бр.11-140/8, произлезен од Јавен повик со Одлука бр.11-140/6 од 24.01.2025 година. Уплатата треба да биде според минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.

Во претходниот Јавен повик беа избрани следниве авто школи:

  • Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје – АМСМ
  • Друштво за туризам,  транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје

Во овој случај, ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик.

Приложувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази од кои во првата, странките ќе треба да достават Барање за издавање Потврда за исполнување на критериуми, (кое се подигнува во архива на ул. Радика бр.9 барака 2 или на веб страната на општината – по електронски пат), заедно со Изјава за согласност за обработка на лични податоци.

Покрај оваа документација, заинтересираните ќе треба да достават и копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање, како и копија од лична карта на двајцата родители, како доказ дека тие живеат минимум 3 години во општина Карпош.

Во втората фаза од процесот на доставување на потребната документација, потенцијалните корисници на субвенции ќе треба да достават Барање за субвенционирање за поврат на одреден износ на уплатени средства од вкупниот износ за  обука за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериумите). Исто така, во втората фаза ќе треба да се достават следниве документи:

  • Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
    Карпош,
  • Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и                  практична обука во автошколата,
  • Потврда за остварени приходи добиена од работодавачот за последните три месеци. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето од двајцата родители
  • За невработени лица – Потврда од Агенција за вработување дека родителот е евидентиран како лице кое бара работа – активен барател на работа или листа од ПИОМ дека родителот е невработено лице. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето за исполнување на критериуми

и

  • Копија од трансакциска сметка.

 

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош (ул. Радика бр.9, барака 2). По поднесувањето на документите, подносителите ќе бидат известени во писмена форма.

Општината ги информира граѓаните дека Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно. За сите дополнителни информации, лицата можат да се обратат во Секторот за развој, на контакт телефоните кај овластените лица:

Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/410-627.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Протест на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото каде што смртно...

Регион1 час

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа2 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол низ Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет2 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет2 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет3 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија13 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ14 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија16 часа

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет18 часа

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија20 часа

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија21 час

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...

Свет22 часа

(Видео) Се појави нова снимка од судирот меѓу патничкиот авион и хеликоптерот над Вашингтон

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „блек хок“ на американската армија во близина на...

Топ22 часа

Финансиската полиција поднесе две кривични пријави до ОJO Струмица за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил...

Топ23 часа

22-годишна девојка усмртена кај „Партизанска“, ја прегазил 20-годишник

Вчера 22-годишна девојка била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Подлегнала на повредите и починала на лице место. Несреќата...

Свет24 часа

(Видео) Во авионот што се урна во Вашингтон се наоѓале и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање

Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на „Американ ерлајнс“, кој се урна во...

Македонија1 ден

Успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора

Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК,...

Свет1 ден

Трамп очаен по падот на патничкиот авион во Вашингтон: „Не е добро!“

Американскиот претседател Доналд Трамп е информиран дека патнички авион се урнал во Вашингтон, откако авионот се судрил со воен хеликоптер....

Свет1 ден

(Видео) Што сними „Флајтрадар“ за фаталниот лет за Вашингтон: Авион се урна во заледена река по судир со хеликоптер

Најмалку 18 лица загинаа кога авион на летот АА5342 од Вичита до Вашингтон се судри со воен хеликоптер при слетување...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 18 тела се пронајдени по авионската несреќа во САД

Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела. Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè...