Македонија
Жена паднала во автобус во Скопје
Скопјанка е со тешки повреди пренесена во болница, откако паднала во автобус на ЈСП.
Настанот се случил на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.
„Додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маглата направи проблеми во авионскиот сообраќај, се откажуваат и пренасочуваат летови
Скопскиот аеродром се соочи со значителни проблеми во авионскиот сообраќај во последните 24 часа, а причина за тоа е густа магла која предизвика пренасочување на 10 летови и откажување на 4. Летовите беа пренасочени на соседни аеродроми во Приштина и Софија, додека некои се вратија на почетните дестинации.
Пренасочени летови:
Анталија (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Меминген (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Варшава (25.01.2025) – Вратен назад во Варшава
Баден Баден (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
Париз (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
Цирих (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Рим (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Малме (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Берлин (26.01.2025) – Пренасочен кон Софија
Нирнберг (26.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
Откажани летови:
Истанбул (25.01.2025) – Откажан
Загреб (25.01.2025) – Откажан
Венеција (26.01.2025) – Откажан
Истанбул (26.01.2025) – Откажан
Препораки за патниците: Патниците се советуваат да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром и да останат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации.
Македонија
Утрово најстудено е во Битола и Берово
Утринава најстудено во Битола и во Берово, каде е измерена минималната температура од -4 степени, а најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 4 степени целзиусови.
Како што информираат од УХМР, во Прилеп минималната температура е -3, додека -2 степени целзиусови се измерени во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид. Во Лазарополе и Крива Паланка минималната температура е -1 , во Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија е 0, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес 1, во Попова Шапка 2 и во Виница и Крушево се измерени 3 степени целзиусови.
Најголема снежна покривка има во Попова Шапка – 38 сантиметри, потоа Маврови Анови – 29, во Крушево – 11 и во Битола – 9.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Маглата ја намали видливоста од 50 до 100 метри
Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. Д.Капија и Петровец – Велес. На државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.