Скопје
Жичницата и трите автобуски линии до Средно Водно продолжуваат со вообичаена работа
Град Скопје информира дека од утре, петок (15.7.2022 година), жичницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.
Во согласност со одлуката за работно време за жичницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во периодот од 19 до 19.30 часот е последното возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последното возење од врвот надолу.
Потсетуваме дека до Средно Водно сообраќаат три линии:
– 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден, освен понеделник
– 25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и државен празник
– 25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и државен празник
Превозот со сите три линии за време на викенд и државен празник е бесплатен за сите категории патници/граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

