Скопје
Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност
Синоќа, полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање зајакнати мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје преку превентивно присуство на полицијата.

„Целта е одржување стабилен јавен ред и мир, како и спречување извршување кривични дела и прекршоци на неколку локации, меѓу кои паркот ‘Дрвен град’ во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу улицата Народен фронт и улицата Васил Ѓорѓов, пекарницата ‘Силбо’, Порта ‘Македонија’ итн.

Покрај тоа, беа спроведени и сообраќајни контроли, при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возилата по должината на улиците Народен фронт, Орце Николов и Боемска, подигнати биле шест возила со специјалното возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица“, соопшти МВР.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

