Скопје
За седум дена санкционирани се 215 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 215 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 27.05. до 02.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шалтерите за наплата во „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците дека утре, четврток, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот.
В петок, 29.08.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Македонија
(Фото) Нови и зајакнати услови за идните ИТ-таленти од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.
„Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика“, велат од Општината.
На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.
„Општина Аеродром и училиштето упатуваат голема благодарност до Државниот завод за статистика за препознавањето и поддршката, кои претставуваат значаен поттик за учениците и наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии“, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
Инвестиции во централното ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции се со цел подобрување на условите.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека училиштето е подготвено за новата учебна година при што во изминатиот период направени се доста инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.
За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите и подобрување на образовниот процес, набавени се шест интерактивни (електрични) панели, извршена е целосна санација на подовите на горниот кат, извршена е целосна реконструкција на тоалетите. Исто така извршена е обнова и санација на училишната просторија така наречена медијатека, која се користи како просторија за медиумски клуб. Во надворешниот дел од училиштето извршено е хортикултурно уредување на просторот, известува Општината.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.