Скопје
Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар
По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, Општина Центар во соработка со „Нула Отпад“ успешно ја спроведе еко акцијата „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“. Целта на акцијата беше подигнување на свеста за важноста на правилното управување со електронскиот отпад и заштита на животната средина, особено меѓу најмладите.
Низ сите основни училишта во општината се поставени зелени контејнери за ситен електронски отпад и батерии, а беа организирани и училишни работилници во периодот од 1 до 14 октомври. Децата се едуцираа за собирање и селектирање на овој вид отпад, при што младите еко-амбасадори ја пренесуваа пораката за одржливост во своите домови и меѓу другарчињата.
Активна е и „Еко линијата“ на бројот 070 236 000 граѓаните можат да пријавуваат поголем е-отпад, кој бесплатно се собира и правилно третира.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се заблагодари на сите учесници на акцијата и ја истакна нејзината важност: „Оваа иницијатива е одличен пример за тоа како сите заедно, преку мали чекори, можеме да придонесеме во зачувување на животната средина. Младите ни покажаа дека со ентузијазам и одговорност можеме да постигнеме значајни резултати. Воедно ги повикувам жителите на Центар да ја искористат еко линијата за бесплатно превземање на непотребната и нефункционална електроника од нивните домови или работни места.”
Општина Центар и „Нула Отпад“ ќе продолжат со активности посветени на подигање на свеста и одржливото управување со отпадот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

